logo
logo
logo

Мистериозни куфери на парадата покрај Путин: Во едниот е неговиот измет, а во другиот – копче од кое светот стравува

Vecer | 03.09.2025

Мистериозни куфери на парадата покрај Путин: Во едниот е неговиот измет, а во другиот – копче од кое светот стравува

На трибините, покрај кинескиот лидер Си, седеа 26 шефови на држави, меѓу нив и Путин. Интересен детаљ повторно привлече внимание – каде и да оди Путин, со него секогаш одат и два непробојни куфери кои ги носат неговите телохранители.

Можеби ќе ве интересира: Лимузината на Си - траен симбол на комунистичка Кина

Еден куфер е наменет за урината и изметот на Путин.

Не е шега – истиот куфер го следеше Путин и на Алјаска, кога се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп.

Имено, во куферот се собираат неговите фекалии за странските служби да не дојдат до примероци од неговите телесни излачувања, кои би можеле да откријат многу за него. На пример – какво му е здравјето. Затоа телохранителите внимателно го собираат неговиот измет и урината и сето тоа го враќаат назад во Русија.

Можеби ќе ве интересира: Видео: Си Џинпинг ја покажа моќта на Кина на воена парада со присуство Путин и Ким Џонг-ун

„Independent“ пишуваше дека ваквата актовка првпат се појавила во 2017 година, кога Путин бил во Франција. Подоцна повеќепати била забележана на други патувања, па и во Саудиска Арабија во 2019 година.

Куферот „суден ден“

Вториот е куферот „суден ден“ и станува збор за нуклеарниот куфер. Во него се наоѓаат контролите за руските стратешки нуклеарни сили.

Во него има бело копче со кое од било кој дел на светот може да се испрати наредба за лансирање на нуклеарно оружје, кое е во готовност од почетокот на руската инвазија врз Украина. Овој куфер е познат и како „Чегет“.

Развиен е во 1980-тите за потребите на советскиот Комитет за државна безбедност (КГБ), а се верува дека претходните верзии содржеле експлозивна направа со сила од еден килотон, што е еквивалент на илјада тони ТНТ. Таква детонација може да уништи сè во радиус од приближно 800 метри.

Доволно е само едно притискање на копчето за Главниот штаб во Москва да прими сигнал и да започне нуклеарен напад.

И двата куфери се непробојни и можат да послужат како штит.

Пренесува: НетХР

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk