logo
logo
logo

Русија прогласи вонредна состојба и во Белгород по украинската офанзива

Vecer | 14.08.2024

Русија прогласи вонредна состојба и во Белгород по украинската офанзива

 Регионот граничи со областа Курск, каде во моментов се водат најжестоки борби, а гувернерот на Белгород Гладков тврди дека ситуацијата била исклучително тешка поради како што вели, секојдневното гранатирање од украинска страна. Во видеото објавено на телеграм, Гладков порача и дека ќе апелира до централната власт во Москва да прогласи вонредна состојба на федерално ниво.

-Објавуваме од денешниот ден на целата територија на Белгородската област, вонредна состојба на регионално ниво, по што следува апел до владината комисија на целата територија на Белгородската област да се прогласи и федерална вонредна состојба.- - Вјачеслав Гладков гувернер на Белгородската област во Русија.

Иако целта на украинскиот поход не е докрај јасна, според дел од воените аналитичари, Киев се обидува да принуди дел од руските трупи да ги напуштат украинските боишта. Властите во Украина тврдат дека контролираат 1.000 квадратни километри и 74 населени места, но дека нивната цел не е присвојување на руска територија, туку заштита на нивните граѓани.

-Украина не е заинтересирана да ја присвои територијата на регионот Курск. Но, сакаме да ги заштитиме животите на нашите граѓани. И се додека Путин продолжува со оваа војна, ќе го добива украинскиот одговор на начин на кој што и е потребен на Украина. Овие украински акции се апсолутно легитимни. - Хеорхи Тикхи – Порпарол на украинското МНР.

Воените дејствија на терен пак и денеска продолжуваат, а според информациите на руските власти до сега од регионот на Курск се евакуриани над 100 илјади граѓани. Ситуацијата активно се следи и од властите во САД. Американскиот претседател Бајден вели дека тие се во постојан контакт со украинците, а нападот според него создава дилема за Путин.

-Разговарам со мојот персонал на редовна основа, веројатно на секои четири или пет часа во изминатите шест до осум денови, и тоа (нападот) создава вистинска дилема за Путин. И ние сме во директен, постојан контакт со Украинците. Тоа е се што имам да кажам за ова додека е активно. - Џо Бајден – Претседател на САД.

Стејт департмент: САД немаат никаква улога во украинската операција во Русија

Од американскиот Стејт Департмент во меѓувреме упатија порака дека не учествувале во планирањето или подготовката на украинската операција во Русија. Официјален Кремљ пак, прстото за успехот на украинците го впери токму кон западните земји, а рускиот претседател Путин порача дека било какво мировни прегвори со Украина се невозможни.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk