logo
logo
logo

СЕКОЈ САКА, АМА НА “СВОЈА“ ТЕЛЕВИЗИЈА: Сепак, нема да има дебата Трамп-Харис?!

Vecer | 04.08.2024

СЕКОЈ САКА, АМА НА “СВОЈА“ ТЕЛЕВИЗИЈА: Сепак, нема да има дебата Трамп-Харис?!

Извесната кандидатка за претседател на претстојните избори во САД Камала Харис ја отфрли поканата на републиканскиот противкандидат за дебата на Fox News која би се одржала на 4 септември.

Според неа, Трамп се обидува да ја избегне дебатата, која претходно требаше да се одржи на ABC на 10 септември, објави Ројтерс.

Во објавата на Truth Social, Трамп појасни дека правилата за дебата со Камала Харис ќе бидат исти како и за првата дебата со претседателот Џо Бајден, но набргу го смени ставот.

Трамп прецизираше дека сака овој пат дебатата ќе се одржи во сала со публика и тоа во државата Пенсилванија.

На првата дебата Трамп и Бајден беа во телевизиското студио на Си-Ен-Ен и само новинарите кои ја водеа дебатата беа со нив во просторијата.

Си-Ен-Ен е позната и докажана како телевизија која целосно ја поддржува политиката на Демократите и, во дадениот случај, на претседателот Бајден што би значело дека за Трамп таа дебата се одржала на “гостински“ терен. Затоа тој сега бара дебата на републикански медиум, на Фокс Њуз.

Трамп и Бајден се договорија втората дебата да се одржи на 10 септември на ABC News, телевизија исто така блиска до Демократите на Бајден и Харис, но Трамп подоцна му предложил дебата да има на Fox news, радиодифузерот кој е најпопуларен меѓу неговите поддржувачи.

Харис, од своја страна, најави дека планира да учествува во првично закажаната дебата на ABC News.

Трамп подоцна на „Truth Social“ напиша дека Харис се плаши и дека „или ќе ја види на 4 септември или воопшто нема да ја види“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk