logo
logo
logo

Сенаторот Џон Фетерман со блузон и бермуди на инаугурацијата

Vecer | 21.01.2025

Сенаторот Џон Фетерман со блузон и бермуди на инаугурацијата

Она што повеќето луѓе вообичаено го носат на тренинг или на прошетка в парк, овој политичар го носеше на свечен настан, додека сите околу него беа во костуми и слична „официјална“ облека. Покрај сѐ друго, Фетерман (55) седеше во првиот ред. Американскиот сенатор, се чини, го сака својот „лежерен“ стил. Повеќепати е фотографиран во јавноста во слични спортски изданија, а многу поретко во нешто поофицијално и поформално.

Кој е Џон Фетерман? Иако се од различни партии, тој е еден од најголемите поддржувачи на Трамп oд Демократската партија во американскиот Сенат. Роден во Пенсилванија, меѓу 2006 и 2019 година беше градоначалник на Брадок - порано индустриски град, и ја носеше титулата „најкул градоначалник“.

Во 2022 година, Фетерман стана сенатор од државата Пенсилванија, каде што го победи сопартиецот на Доналд Трамп, републиканецот д-р Мехмет Оз.  

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk