logo
logo
logo

Северна Кореја во декември ќе ги отвори границите за странски туристи

Vecer | 14.08.2024

Северна Кореја во декември ќе ги отвори границите за странски туристи

Овој потег е знак дека Северна Кореја се подготвува повторно да ги отвори своите граници за поголеми групи странски туристи по долгогодишни строги гранични контроли, кои беа воведени поради пандемијата со коронавирусот, пренесуваат агенциите.

„Добивме потврда од нашиот локален партнер дека туризмот во Самџијон, а веројатно и во остатокот од земјата официјално ќе продолжи во декември 2024 година“, објави на својата веб страница туристичка компанија од Пекинг. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk