logo
logo
logo

Шведска не дозволи изградба на 13 паркови со ветерници во Балтичко Море

Vecer | 04.11.2024

Шведска не дозволи изградба на 13 паркови со ветерници во Балтичко Море

Шведската Влада денеска соопшти дека ги отфрлила барањата за изградба на 13 паркови со ветерници во Балтичко Море поради загриженоста за одбраната. Во исто време, Владата во Стокхолм издаде дозвола за изградба на електрана на ветер на западниот брег на земјата.

Шведскиот министер за одбрана Пол Јонсон изјави дека изградбата на ветерни електрани во Балтичко Море ќе им наштети на одбранбените интереси. Како една од причините тој посочи дека таквата конструкција ќе го отежне откривањето и соборувањето на проектили со помош на шведските системи Патриот во случај на конфликт.

Единствениот парк со ветерници што доби градежна дозвола ќе се вика „Посејдон“ и ќе произведува околу 5,5 терават часови електрична енергија годишно.

Уште 10 апликации за изградба на парк со ветерници сè уште чекаат одобрение од Владата. Шведска планира да го удвои своето производство на електрична енергија во текот на следните две децении на околу 300 терават часови за да го исполни очекуваниот раст на побарувачката бидејќи индустријата и транспортниот сектор постепено ја исклучуваат употребата на фосилни горива.

Десничарската Влада во Стокхолм досега се фокусираше на нуклеарната енергија, со цел да изгради 10 нови реактори до 2045 година. Шведска моментално има шест реактори.

Шведска минатата година произведе 163 терават часови електрична енергија, а од ветер е прозведена околу 21 проценти односно 34 терават часови. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk