logo
logo
logo

СЛОВАЧКА ЌЕ ГО ШОКИРА СВЕТОТ? „Ние сме мирна земја – ниту еден куршум нема да оди во Украина, а Русија нема да го напушти Крим и освоеното - време е за мир и преговори“

Vecer | 22.09.2023

СЛОВАЧКА ЌЕ ГО ШОКИРА СВЕТОТ? „Ние сме мирна земја – ниту еден куршум нема да оди во Украина, а Русија нема да го напушти Крим и освоеното - време е за мир и преговори“

СЛОВАЧКА ЌЕ ГО ШОКИРА СВЕТОТ? „Ние сме мирна земја – ниту еден куршум нема да оди во Украина, а Русија нема да го напушти Крим и освоеното - време е за мир и преговори“

Во Словачка се ближат парламентарни избори, тие ќе се одржат на 30 овој месец, а секако будно ќе се следат и во соседна Украина.

Имено, откако изби војната во Украина, Словачка е еден од најистакнатите сојузници. Таа беше првата што почна да испраќа оружје во Украина и силно се залагаше за Киев во Европската унија и НАТО.

Но, според се, сега во Словачка ќе има промена на власта, а потенцијалната нова вели дека „ниту еден куршум нема да оди во Украина“.

Анкетите предвидуваат победа на политичката партија Смер, која во моментов е во цврсто водство.

Но, како што се наближуваат изборите, Фицо ја засилува својата реторика бидејќи најавата за крај на поддршката за Киев очигледно ја зголемува неговата популарност.

[caption id="attachment_1249204" align="alignnone" width="1353"] Прогнози на анкети за претстојните (30.09.2023) избори во Словачка.[/caption]

Роберт Фицо е поранешен словачки премиер. Во 2018 година, тој беше принуден да поднесе оставка кога избувнаа големи демонстрации по убиството на истражувачки новинар. Но, во опозицијата неговите ставови станаа уште поостри.

„Ние сме мирна земја. Нема да испратиме ниту еден куршум во Украина“, им рече Фицо на неколку стотици поддржувачи на митингот во градот Бановце над Бебраво во западна Словачка.

Доколку победи Фицо и неговиот став, тоа ќе биде огромен пресврт за Словачка, која, како што рековме, беше меѓу најистакнатите поддржувачи на Киев. Во тој случај, секако може да се очекува дека и други земји би можеле да тргнат по тој пат, а во овој момент веќе гледаме како се создава раскол меѓу Украина и Полска.

„Тие сепак ќе мора да седнат и да постигнат договор. Русија никогаш нема да го напушти Крим, никогаш нема да ги напушти териториите што сега ги контролира“, рече тој.

[caption id="attachment_1249205" align="alignnone" width="1149"] Словачка има 80 километри долга граница со Украина[/caption]

Сигурна ли е победата на Фиц? Не мора да значи.

Иако се чини дека неговата партија ќе освои мнозинство гласови, тоа нема да им биде доволно да коалицираат. За очекување е по изборите да започнат тешки коалициски преговори.

Во случај Фицо да победи, во НАТО и во Европската Унија, тие веќе се обидуваат да ја прикажат Словачка како мала земја која не може да влијае на пошироката надворешна политика на блоковите во кои се наоѓа. Сепак, пораката на Словачка дека не сака војна во нејзиното соседство можеше да се слушне многу далеку.

Со тоа што Фицо оди доста далеку кога е во прашање поддршката за Русија.

Тој повика на укинување на санкциите против Русија и зајакнување на односите со Москва по војната.

Тој најави и дека, доколку биде на власт, Словачка ќе го блокира секој обид на Украина да се приклучи на НАТО.

Тој истакна дека војната во 2014 година започна кога „украинските нацисти и фашисти“ почнаа да убиваат руски цивили во Доњецк и Луганск.

(Вечер.мк VIA)

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk