logo
logo
logo

Тројца загинати во две пукотници и експлозија на бомба во новиот бран насилства во Шведска

Vecer | 28.09.2023

Тројца загинати во две пукотници и експлозија на бомба во новиот бран насилства во Шведска

Две лица загинаа во одвоени престрелки синоќа, со што месечниот вкупен број се искачи на 11. Уште едно лице загина утрово по експлозија на бомба.

Земјата е потресена од смртоносен бран престрелки и експлозии во последните недели. Се претпоставува дека повеќето од овие настани се поврзани со расколот во бандата Фокстрот. Во првото пукање синоќа, 18-годишен маж беше убиен на спортски терен во Малархојден, југозападно предградие на Стокхолм.

Околу полноќ уште еден маж е убиен во Јордбро, јужно од Стокхолм. 25-годишник утрово почина во болница од повредите здобиени во експлозија на бомба во Сторврета, пред Упсала, универзитетски град северно од главниот град. Експлозијата во која биле оштетени пет куќи, полицијата ја третира како убиство. Шведските медиуми јавуваат дека жената која загинала најверојатно не била цел.

Три лица се приведени под сомнение дека учествувале во престрелката во Јордбро, а двајца се уапсени за експлозијата во Упсала, која била толку бурна што биле оштетени фасадите на две куќи. Портпаролот на полицијата Магнус Јансон Кларин изјави дека полицијата работи на истрага и спречување на нови акти на насилство.

„Не е забавно утро за будење“, изјави тој за телевизијата SVT. Веќе неколку години во Шведска трае конфликт меѓу бандите кои се борат за трговија со оружје и дрога. За честа цел на напади се сметаат роднините на членовите на криминалните мрежи.

„Невозможно е да се следат сите. Имаат многу роднини. Знаеме дека некои луѓе заминаа и се преселија на сигурно, на нови адреси... Ситуацијата е многу напната“, нагласи Јансон Кларин. Шведската централно-десничарска влада ги заострува законите за да се справи со криминалот поврзан со банди.

Шефот на шведската полиција призна дека завојуваните банди донеле „невиден“ бран на насилство во земјата. Минатата година во Шведска се забележани 391 престрелка, а 62 биле фатални, додека во 2021 година од огнено оружје биле убиени 45 лица.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2023 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2023. Vecer.mk