logo
logo
logo

Турскиот парламент ќе одржи вонредна седница на 16 август

Vecer | 13.08.2024

Турскиот парламент ќе одржи вонредна седница на 16 август

Претседателот на Големото национално собрание на Турција, Нуман Куртулмуш, ги повика пратениците на седница која ќе започне в петок во 14:00 часот. Националната новинска агенција на Турција не дава повеќе детали за причината за вонредната седница.

Турските пратеници се на одмор од минатиот месец.

Очекувањата се дека пратениците ќе се соберат во парламентот и на 15 август, кога палестинскиот претседател Махмуд Абас планира да се обрати пред турскиот Меџлис.

Според опозициската новинска агенција АНКА, на седницата в петок ќе се расправа за случајот на опозицискиот пратеник Џан Аталај, кој беше лишен од пратеничкиот статус.

Уставниот суд на Турција на 1 август пресуди дека одлуката на парламентот да му го одземе пратеничкиот статус на опозицискиот пратеник Џан Аталај, кој е во затвор, е неважечка. По објавувањето на одлуката, имаше повици од неговиот адвокат и од опозицијата за негово ослободување и негово враќање во парламентот.

Аталај (47) беше избран во парламентот во мај минатата година како претставник на Работничката партија на Турција (ТИП), сојузник на најголемата прокурдска партија ДЕМ. Во јануари, на Аталај му беше одземен пратеничкиот мандат. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk