logo
logo
logo

Видео: Катастрофални поплави предизвика бурата Клаудија, во Јужен Велс вонредна состојба

Vecer | 15.11.2025

Видео: Катастрофални поплави предизвика бурата Клаудија, во Јужен Велс вонредна состојба

По силниот ветер и обилните врнежи, долж брегот на Даблин се појави необично големо количество морска пена, пред се во регионот на Лохшин.

Метеоролозите објаснуваат дека се работи за природен феномен кој настанува кога морската вода богата со органски материи ќе се разбранува, а ветрот ја носи пената кон копното.

Во Велика Британија, беа издадени над сто предупредувања за поплави, бидејќи бурата Клаудија донесе поројни дождови, при што се очекува во некои области да го достигнат месечниот просек на дожд за само 24 часа.

Во Јужен Велс е прогласена вонредна состојба по силните поплави, додека поголемиот дел од Англија е ставен во состојба на тревога за студено време.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk