logo
logo
logo

Видео: Руски дронови и ракети го погодија железничкиот јазол во близина на Киев

Vecer | 06.12.2025

Видео: Руски дронови и ракети го погодија железничкиот јазол во близина на Киев

„Непријателот продолжува намерно да ја напаѓа железничката инфраструктура. Разурнати се станицата Фастив и возен парк на приградските линии. Нема жртви, но сообраќајот е нарушен“, се наведува во соопштението.

Службата за итни ситуации пријави пожар и разурнувања на железничка станица и депо во регионот на Киев. Оштетувања има и во Черниговска област.

Во последните недели руската армија ги засили нападите врз украинскиот енергетски сектор. Украинското министерство за енергетика соопшти дека ударите ја погодиле енергетската инфраструктура во осум области, поради што има прекини на струја. Екипите работат на итни поправки „каде што безбедносните услови го дозволуваат“.

Во Одеската област најмалку 9.500 корисници останале без греење, а околу 34.000 без вода. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk