logo
logo
logo

Во Ирска запленет кокаин вреден 10,5 милиони евра, припаѓал на албанска криминална банда

Vecer | 14.08.2024

Во Ирска запленет кокаин вреден 10,5 милиони евра, припаѓал на албанска криминална банда

- Кокаинот припаѓа на албанска криминална банда која продолжува тесно да соработува со ирските банди. Имаа олеснувачи во Мексико кои можеа да ја договорат пратката до Ирска. Истрагата од пошироки размери продолжува, соопшти ирската полиција.

Дрогата била транспортирана од Колумбија преку Мексико до Ирска, а крајна дестинација на кокаинот бил европскиот и ирскиот наркопазар.

- Пратката била откриена во тесна соработка со меѓународни партнери во транснационалната операција за трговија со дрога. Истражителите веруваат дека бандата тесно соработува со мексиканските наркокартели. Но, нивната дистрибутивна мрежа сега е демонтирана откако дрогата беше запленета во пристаништето Даблин, наведуваат албанските медиуми.

Пред два дена во италијанското пристаниште Ливорно уапсени беа тројца Албанци и запленети 148 килограми кокаин, прошверцуван од Еквадор, скриен во пратка со банани наменета за Швајцарија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk