logo
logo
logo

Златан Ибрахимовиќ и сопругата изгубија на суд – не можат од станот да избркаат несакан цимер

Vecer | 23.11.2024

Златан Ибрахимовиќ и сопругата изгубија на суд – не можат од станот да избркаат несакан цимер

Повеќе од две години се чекаше пресуда за овој случај кој ја потресе цела Шведска, а малкумина очекуваа дека Судот ќе пресуди во корист на споменатиот човек, објави Мондо.

Пресудата беше прочитана во четвртокот и во неа е наведено дека закупецот чие име не се споменува во медиумите, има право да престојува во споменатата зграда бидејќи му бил прекршен претходниот договор со агенцијата за недвижности. И не само тоа, Златан Ибрахимовиќ освен што треба да продолжи да го „трпи“ несаканиот станар во зградата, треба да му платат и судски трошоци од околу 30 илјади евра, што на крајот ќе биде најмалоот нешто за нивните проблеми.

Судот остави можност брачната двојка Златан Ибрахимовиќ - Хелена Сегер да поднесе жалба на оваа пресуда, а нема сомнеж дека тоа ќе го сторат, а рокот е 13 декември.

Во 2022 година, брачната двојка купила зграда во Естермалм, луксузен кварт во Стокхолм, за околу 11 милиони евра, но оттогаш тие практично не можат да се вселат во неа - или да направат нешто со неа поради споменатиот станар. Тие го откажале договорот со фирмата за недвижности со која претходниот сопственик имал договор за закуп, но еден станар одбил и не сакал да се исели. Наместо тоа, ги тужел Хелена Сегер и Златан Ибрахимовиќ, сметајќи дека има право да остане да живее во зградата, а сето тоа поради законот во Шведска кој бил променет во 2022 година и кој донел некои нови поволности за станарите.

На крајот, станарот добил право да остане во таа зграда и да ужива речиси идентични права како сопственикот, што Ибрахимовиќ и неговата сопруга сметаат дека е бесмислено.

Тие водеа преговори, неуспешно, и не помогна тоа што Хелена Сегер пред судот објасни дека планира да ја реновира целата зграда (вила) и дека собите во кои престојувал неименуваниот човек - сега нивен цимер - сакале да ги претворат во канцеларии.  Очигледно може да заборават на тоа.

Златан и Хелена на споменатиот станар дури му понудиле и замена за стан, што тој го одбил со оглед дека не е „еднаков на оној во кој моментално престојува“, што особено ги изнервирало и истакнале дека тој сигурно не бил легално пријавен на таа адреса. Затоа биле сигурни дека ќе победат на суд, но веќе две години минуваат низ проблеми бидејќи се работи за сериозна инвестиција за која се надеваа дека веќе ќе почне да се исплатува.

„Нема што повеќе да се каже на таа тема. Одговорот ќе го добиеме следната недела. Па вие новинарите знаете повеќе од мене, изгледа ќе дознаете сѐ пред мене. Но ќе дојде за една недела, па да ја почекаме пресудата“, рече неодамна за шведски „Спортбладет“Златан Ибрахимовиќ и додаде дека ќе ја почитува одлуката каква и да е.

Вети дека после тоа ќе дојде изјава, па ќе видиме дали ќе ја слушнеме веднаш - или по жалбата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk