logo
logo
logo

По свадбата, Лорен Санчез ги избриша фотографиите

Vecer | 28.06.2025

По свадбата, Лорен Санчез ги избриша фотографиите

Веднаш по завршувањето на свадбената церемонија во Венеција, Лорен Санчез изненади со потег на социјалните мрежи.

Имено, откако му го кажа судбоносното „да“ на милијардерот Џеф Безос, Лорен ги избриша сите стари фотографии од својот Инстаграм профил и остави само две објави - едната на која позира во венчаница и другата, на која е со својот сопруг.

Го додаде презимето на нејзиниот сопруг

Покрај тоа, таа го додаде презимето на нејзиниот сопруг, па на нејзиниот Инстаграм профил сега пишува Лорен Санчез Безос.

Да ве потсетиме, Лорен се појави во венчаница со крој на сирена, инспирирана од стилот на Софија Лорен, потпишана од модната куќа Долче и Габана.

Свадбата се одржа на островот Сан Ѓорѓо Маџоре, кој се наоѓа веднаш до Големиот канал, а двојката ја одржа церемонијата во присуство на блиски пријатели, светски ѕвезди и милијардери.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk