Имено, таа тврди дека тој се обидува да ја натера да потпише договор за необјавување за да го прикрие фактот дека ја малтретирал.
Двајцата долго време се караат за француската винарија Шато Миравал, чии косопственици се. Во 2022 година, тој ја тужеше Анџелина за продажба на нејзиниот удел, тврдејќи дека таа го прекршила договорот, пренесува People. Во најновите судски документи, нејзините адвокати велат дека со продажбата на својот удел, таа немала намера да го повреди Бред како одговор на каква било одлука за старателство над нивните деца.
„Всушност, Пит одби да ѝ плати компензација, освен ако не потпишат нов, проширен договор за необјавување од 8,5 милиони долари, кој беше специјално подготвен за да ја принуди да молчи за неговата злоупотреба“.
Потсетуваме, Анџелина и Бред се запознале на снимањето на филмот Господин и госпоѓа Смит во 2005 година, по што започнале врска и се венчале во 2014 година. Поради, како што изјавила оваа позната актерка, непомирливите разлики меѓу нив, Анџелина поднела барање за развод во 2016 година.
Разводот беше финализиран во 2019 година. Излегува дека парот цело време бил во интензивна битка за старателство. Бред барал заедничко старателство над децата, наспроти инсистирањето на Анџелина на единствено старателство, со тоа што тој имал само права за посета. Се вели дека двојката постигнала спогодба во 2018 година, а адвокатот на Анџелина изјавил за Ројтерс дека „договорот за старателство е постигнат и потпишан од двете страни и судијата“. Сепак, правната битка продолжи до ден-денес, со различни пресврти.
Неодамна нивниот син Пакс Џоли-Пит удри со својот електричен велосипед во автомобил, кој стоел пред него на раскрсница. По итната хоспитализација, Бред многу се загрижил за Пакс, но не можел да го посети, иако сакал.
"Бред е вознемирен и загрижен поради несреќата на Пакс, но не може да дојде до него. Бред многу се вознемирува кога ќе слушне дека едно од децата е повредено и се чувствува целосно беспомошно бидејќи не може да направи ништо. Сакаше да оди во болница или да му се јави многу пати, но децата не сакаат да му одговорат на неговите повици“, открил извор за Дејли Мејл.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата