logo
logo
logo

Караванот „Македонијо, во срце те носиме“ патува за Штип

Vecer | 02.09.2025

Караванот „Македонијо, во срце те носиме“ патува за Штип

По незаборавните вечери во Охрид и Делчево, музичкиот караван Македонијо, во срце те носиме сега патува кон градот под Исарот, кон Штип.

- Штипјани утревечер, 3 септември, со почеток од 20 часот време е да ја отвориме душата и да го исполниме градот со звуците на најубавите македонски песни. Затоа што ова не е само концерт, ова е емоционално обединување и прослава на сѐ што сме – народ со горда историја, богата култура и неизмерна љубов кон татковината, велат организаторите Скендеровски продукција и додаваат: - Во Охрид и Делчево пеевме како едно, а сега е време и Штип да одекне со истиот жар, сега е време да запееме сите затоа што македонската песна не познава граници, не познава поделби - таа живее во нас.

Мисијата наречена Македонијо во срце те носиме продолжува – да ја обоиме Македонија со најубавите звуци, да го славиме нашето, македонското, да пееме за Македонија, да бидеме едно! Ве очекуваме во Штип

Вака беше во Делчево: 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk