„Брус Спрингстин продолжи да закрепнува од пептичен улкус во текот на изминатите неколку недели и ќе продолжи да се лекува до крајот на годината како што советува неговиот лекар. Имајќи го ова на ум, сите преостанати датуми на турнејата на Брус Спрингстин и Е Стрит Бенд ќе биде одложен до 2024 година“, се вели во соопштението.
Новите датуми за одложените концерти ќе бидат објавени следната недела, вклучително и датумите за концертите кои беа откажани на почетокот на овој месец. Влезниците за одложените концерти ќе важат за новите термини, а оние кои не се задоволни ќе имаат рок од 30 дена да побараат враќање на парите.
„Благодарам на сите мои пријатели и фанови за вашите добри желби, охрабрување и поддршка“, додаде Спрингстин. „Јас сум на опоравување и едвај чекам да се видиме следната година“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата