logo
logo
logo

Кејти Пери под истрага поради снимање спот во Шпанија

Vecer | 14.08.2024

Кејти Пери под истрага поради снимање спот во Шпанија

Одделот за заштита на животната средина на Регионална влада истражува дали пејачката и нејзиниот тим можеби ги оштетиле заштитените дини на островот С'Еспалмадор.

Дините на овој мал шпански остров важат за најдобро зачуваната верига дини на Балеарските Острови. Во видеото, пејачката танцува на повеќе места, меѓу коишто и дина на островот каде што важи забранет или ограничен престој. Наводно не е побарана дозвола за снимање на спотот на тоа место. 

Патем, С'Еспалмадор е мал ненаселен остров во приватна сопственост во рамки на Балеарите.

Регионалната влада на својата интернет-страница за туризам наведува дека дините имаат голема еколошка вредност. Од Одделот за животна средина соопштија дека наводно недозволеното снимање на видеото во споменатото подрачје претставува повреда на еколошката средина и дека снимањето на видеото може да се одобри по барање.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk