logo
logo
logo

Нил Јанг во новата песна го навредува Трамп и повикува „да се исчисти Белата куќа“ (ВИДЕО)

Vecer | 02.09.2025

Нил Јанг во новата песна го навредува Трамп и повикува „да се исчисти Белата куќа“ (ВИДЕО)

„Не ни требаат фашистички правила, не сакаме фашистички училишта и војници на нашите улици“, рече Јанг, објави CBC.

Пејачот е сè уште витален на 80-годишна возраст и моментално е на турнеја низ САД, за време на која ја сними оваа триминутна песна во Чикаго, која потоа ја изведе на концерт во тој град.

Во текот на викендот, Трамп распореди припадници на Националната гарда во Вашингтон и се обиде да ја преземе контролата врз локалната полиција, а граѓаните протестираа против ваквите мерки.

„Нема повеќе пари за фашисти и фашистички милијардери. Време е да се затвори системот“, рече Јанг во новата песна.

Се известува дека Јанг не е поддржувач на Трамп, а пејачот претходно испраќал остри пораки како што е „Ако си фашист, купи Тесла“, што му било наменето на Илон Маск додека сè уште работел за американската администрација.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk