logo
logo
logo

Пи Диди -Комбс осуден на 50 месеци затвор

Vecer | 04.10.2025

Пи Диди -Комбс осуден на 50 месеци затвор

Раперот Шон Диди Комбс е осуден на 50 месеци затвор откако беше прогласен за виновен за подведување.

Пресудата за Диди Комбс беше изречена во федералниот суд во Менхетен по двомесечно судење, по шестчасовно сослушување, објавија странските медиуми.

Судијата Арун Субраманијан остро го критикуваше однесувањето на Комбс кон жртвите, зборувајќи за злоупотребата за која беше осуден Комбс. „Ги злоупотребивте физички, емоционално и психолошки. Зошто траеше толку долго? Затоа што имавте моќ и ресурси да го продолжите, и затоа што не бевте фатени порано. Потребна е сериозна казна за да се заштити јавноста од идни злосторства“, рече судијата, според „Њујорк пост“.

Како што велат, ова е мала казна во споредба со 11-те години што обвинителите ги бараа по мачното судење за сексуални злосторства кое ги откри перверзните тајни на музичкиот могул. Комбс веројатно ќе помине само уште три години во федерален затвор, бидејќи веќе е во притвор 14 месеци, од септември минатата година.

Неговата казна е исто така за шест до седум години пократка од она што е препорачано според федералните упатства, објавува NYP.

Судијата, исто така, го казни Комбс со парична казна од 500.000 долари и нареди пет години надгледувано ослободување откако Комбс ќе го напушти затворот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk