ПРАТЕНИЦИТЕ ГИ ОДМЕРИЈА СИЛИТЕ: Хаос и инциденти во албанското собрание

Vecer | 22.10.2026

ПРАТЕНИЦИТЕ ГИ ОДМЕРИЈА СИЛИТЕ: Хаос и инциденти во албанското собрание

На седницата одржана во четврток, албанскиот парламент беше сцена на сериозни тензии и физички судир меѓу претставниците на мнозинството и опозицијата, по што настана општ хаос меѓу пратениците.

Според достапните информации, пратеникот на Демократската партија (ДП), Фламур Нока, се упатил кон делот од салата каде што седи мнозинството за да ги земе своите картички за гласање, а во тоа му се придружиле и други колеги.

Ситуацијата дополнително ескалираше кога опозицискиот пратеник Фидел Крека го удри уредот за гласање, а потоа го турна поранешниот министер за внатрешни работи Ервин Хоџа. Овој инцидент предизвика директна пресметка меѓу двајцата.

Во конфликтот веднаш интервенираа и останатите пратеници, како од мнозинството, така и од опозицијата, што доведе до масовна тепачка во собраниската сала. Собраниската дискусија целосно прекина и се претвори во хаотични сцени.

За време на инцидентите во салата, пред зградата на Парламентот се собра поголема група демонстранти, каде што беа распоредени и силни полициски сили.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk