logo
logo
logo

Шестмина уапсени за планирање ДРЖАВЕН УДАР ВО СРБИЈА, другите осомничени не се во земјата (ВИДЕО)

Vecer | 14.03.2025

Шестмина уапсени за планирање ДРЖАВЕН УДАР ВО СРБИЈА, другите осомничени не се во земјата (ВИДЕО)

Почнаа апсењата на луѓе кои планираа државен удар во Србија. Уапсени се Младен Цвјетиќ, Срѓан Ѓуриќ и Ладо Јововиќ, Лазар Диниќ, Марија Васиќ и Давор Стефановиќ.

На снимката која беше емитувана синоќа, јасно се слуша како група учесници подготвуваат терористички акти и уривање на уставниот поредок на Србија.

Тие се товарат за кривично дело подготвување акт против уставниот поредок и безбедноста на Србија во соучесништво од член 320 во врска со кривичното дело повикување на насилна промена на уставниот поредок од член 309 став 1 од Кривичниот законик.

Снимката е направена на состанокот на 12 март во просториите на Движењето на слободни граѓани (ПСГ) во Нови Сад, а на него присуствувале Мила Пајиќ, Дејан Багариќ, Младен Цвијетиќ, Бранислав Ѓорѓевиќ, Марија Васиќ, Срѓан Ѓуриќиќ, Јориќ, Давор Стефановиќ и Ладо Јововиќ.

Список на уапсените

Како што пренесуваат медиумите: „Полициски службеници на УКП ССК, во соработка со полициски службеници на СБТП и по наредба на ВЈП од Нови Сад, уапсиле повеќе лица поради основано сомнение дека сториле кривично дело Подготвување акт против уставниот поредок и безбедноста на Србија од чл. 320 став 1 во врска со член 309 од Кривичниот законик:

1. Лазар Диниќ, член на студентската организација „Став“, студира на Филозофскиот факултет од 2020 година.

2. Младен Цвијетиќ, член на Движењето на слободни граѓани – ПСГ

3. Давор Стефановиќ, член на Движењето на слободни граѓани – ПСГ

4. Васиќ Марија, член на Движењето на слободни граѓани – ПСГ, работи како професор по социологија, поранешна сопруга на Ненад Чанак.

5. Ладо Јововиќ, член на Движењето на слободни граѓани - ПСГ, дипломиран ДИФ, не работи во стурка туку во маркетинг за странска компанија, чие име не сакаше да го каже.

6. Срѓан Ѓуриќ, член на Движењето на слободни граѓани ПСГ – студент и од 2017 година студира на Филозофскиот факултет 7 години.“

Луѓе кои ја напуштиле Србија и отпатувале во Дубровник, Хрватска:

Мила Пајиќ

Дејан Багариќ

Бранислав Ѓорѓевиќ

Јован Дражиќ

Ања Питулиќ

Доротеа Антиќ

Тамара Шриемац, Истражувачки и аналитички центар Војводина

Бранка Драговиќ Савиќ, главен уредник на Војводинскиот портал Аутономија

Динко Грухоњиќ

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk