logo
logo
logo

ВИДЕО - СО АВТОМОБИЛОТ ВЛЕТА ВО РЕСТОРАН ВО ХРВАТСКА, гостите бегаа во паника

Vecer | 26.08.2026

ВИДЕО - СО АВТОМОБИЛОТ ВЛЕТА ВО РЕСТОРАН ВО ХРВАТСКА, гостите бегаа во паника

Несекојдневна и застрашувачка сообраќајна несреќа се случи во вторникот попладне на автопатот А1 во Хрватска, на одмориштето Надин-Југ, кога патничко возило под полна брзина ја проби стаклената фасада на ресторан и заврши во неговата внатрешност.

На социјалните мрежи брзо се прошири снимката од камерите за надзор, објавена од страницата „Црна хроника Хрватска“. На видеото јасно се гледа како автомобил марка „Ауди“ со австриски регистарски таблички се движи низ просторот на одмориштето, а потоа одеднаш, без да закочи, директно удира во стаклениот ѕид од угостителскиот објект.

Возилото под силен удар целосно го крши стаклото и со предниот дел влетува меѓу масите во ресторанот, создавајќи вистинска паника кај присутните. Полицијата врши увид за да ги утврди причините за оваа необична несреќа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk