Речиси за целата територија на земјата се издадени предупредувања за невреме, а црвен аларм е активиран за Велебитскиот канал, Кварнер и регионите на Риека и Сплит.
Се очекува силна бура која на места ќе има оркански удари, особено во подножјето на Велебит. Во првиот дел од денот врнежи од дожд ќе има во внатрешноста, додека попладне и навечер тие ќе се прошират и на југот од земјата. Во Горска Хрватска се очекуваат дожд и снег, каде локално е можно создавање на нова и тенка снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен северен и североисточен ветер, додека на Јадранот се предвидува силна и олујна бура која на северниот дел ќе достигне орканска сила.
Според Државниот хидрометеоролошки завод (ДХМЗ), невремето ќе ја достигне својата кулминација во среда, кога во Велебитскиот канал ударите на ветерот можат да изнесуваат и до 175 километри на час, а во останатите делови меѓу 120 и 160 километри на час. Во четврток времето ќе остане претежно облачно и ветровито, особено на Јадранот. Локални врнежи од дожд се можни во внатрешноста и на југот, додека на највисоките планини сè уште постојат услови за појава на снег.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата