За време на полициска акција во Белград, еден полицаец бил ранет и веднаш префрлен во Ургентниот центар, а како што дознаваме, тој е во стабилна состојба.
Според информациите до кои дошол „Информер“, полицаецот се самоповредил за време на полициската акција.
Имено, синоќа се случил грабеж на автомобил за достава на храна. Крадецот нарачал храна, а кога доставувачот излегол од автомобилот, влегол низ прозорецот на возилото и избегал.
Веднаш била започната потрага по возилото, а сообраќајните полицајци го забележале денес. Го запреле, а во „Опелот“ биле девојка (29) која возела, и крадецот (22).
За време на апсењето, се случил инцидент во кој полицаецот бил ранет.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата