logo
logo
logo

ИЗМАМА ТЕШКА 50 МИЛИОНИ ЕВРА - Разбиена меѓународна криминална мрежа во Тирана

Vecer | 29.04.2026

ИЗМАМА ТЕШКА 50 МИЛИОНИ ЕВРА - Разбиена меѓународна криминална мрежа во Тирана

Во голема меѓународна полициска акција предводена од Европол, во соработка со австриските и албанските истражни органи, десет лица се лишени од слобода во Албанија под сомнение за организирање на масовна онлајн измама. Криминалната група, која дејствувала преку добро организирана мрежа, успеала да присвои вртоглави 50 милиони евра преку измами на интернет кои таргетирале илјадници жртви.

Истрагата открива дека измамата имала глобални размери, а оштетените граѓани се лоцирани низ цела Европа и светот. Најголем дел од жртвите се од Италија, Германија, Грција и Шпанија, но измамени лица се евидентирани и во Канада и Велика Британија. Според официјалното соопштение на Европол, се верува дека крајната сума на украдените средства е најмалку 50 милиони евра, иако истрагата продолжува за да се утврди конечниот обем на штетата.

Оперативниот центар на оваа криминална група бил лоциран во главниот град на Албанија. Тие управувале со неколку кол-центри во Тирана, од каде што операторите ги контактирале жртвите и ги наведувале на лажни инвестиции и други облици на дигитална измама. Оваа акција е дел од поширокиот фронт на европските служби за сузбивање на сајбер-криминалот кој се врши преку наводни центри за поддршка или инвестициски платформи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk