Без ракија не може да се замисли ниту една прослава, слава, ручек... Иако доминантно се смета за „машки“ пијалак, го сакаат и припадничките на понежниот пол. Затоа Тамара Милошевиќ дизајнирала ракија за дами.
Првата српска ракија за жени
Тамара Милошевиќ ја дизајнираше првата српска ракија за жени, која по изглед се разликува од традиционалната, и не само тоа. Станува збор за ракија од дуња, која се прелива во чашите во розова нијанса и содржи светки кои може да се консумираат.
Тамара вели дека нејзината цел е да ги разбие вкоренетите стереотипи дека ракијата е машки пијалак и да ја пренесе пораката дека жените имаат целосно право да бидат тоа што се без разлика на изборот на пијалак.
"Визуелниот елемент, како што се светките кои може да се консумираат, додава доза на гламур и забава, но не ја намалува сериозноста и квалитетот на самиот производ. Нашата целна група се дами кои знаат да уживаат во квалитетна ракија со стил и умереност. Веруваме дека нејзиниот изглед може да привлече млади девојки, но не ни е цел директно да ги покануваме младите да консумираат алкохол“, вели Тамара Милошевиќ за еКапија.
Ракијата за Тамара не е само пијалоак, како што вели таа, таа претставува длабоко вкоренет дел од нематеријалното културно наследство на нашиот регион.
„Во моето семејство традицијата на производство и консумирање ракија се пренесува од колено на колено. Ракијата беше присутна во важни моменти од животот, било како лек или како нишка што ги спојува луѓето. Преку оваа ракија сакаме да ја пренесеме таа симболика: ракија што носи наследство, но и елеганција“, вели Тамара.
Квалитетот на оваа „женска ракија“ се должи на лесковачката дуња. Како што вели таа, оваа сорта често се одгледува во Бачка и Срем, а најзастапена е во овоштарниците на семејната дестилерија.
„И поради практичноста и поради својот првокласен вкус, дуњата беше вистинскиот избор за нашата „Престижна“, вели таа и има и препорака што најдобро оди со нејзината ракија.
„Бидејќи зборуваме за ракија од дуња, обично одлично оди со појаки јадења, но на сите би им препорачале да експериментираат и да ја најдат комбинацијата што најмногу одговара на нивниот вкус. А кога ќе го најдат вистинскиот рецепт, да ни кажат“, вели Тамара Милошевиќ.
Посочува дека реакциите за „Престижна“ досега биле исклучително позитивни, „што им дава ветар зад нив да продолжат“.
„Во моментов ја разгледуваме можноста да ја прошириме понудата со нови вкусови, додека внимателно ги слушаме повратните информации на нашите клиенти“, додава таа.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата