logo
logo
logo

Албанец од Косово се обидел ДА ОТВОРИ ВРАТА ВО АВИОН СРЕДЕ ЛЕТ од Женева до Приштина

Vecer | 04.05.2025

Албанец од Косово се обидел ДА ОТВОРИ ВРАТА ВО АВИОН СРЕДЕ ЛЕТ од Женева до Приштина

Сериозен инцидент се случил на летот од Женева до Приштина кога Албанец од Косово се обидел да ја отвори вратата на авионот за време на летот, јавува Косова Прес.

За време на летот, еден човек одеднаш станал и се обидел да отвори една од вратите на авионот, предизвикувајќи паника кај патниците.

Патниците реагираа брзо, а неколку од нив скокнаа за да го спречат патникот во неговата намера. Двајцата млади мажи физички го совладале и го држеле под контрола.

На крајот, со интервенција на полицијата, инцидентот беше успешно неутрализиран. Очевидци наведуваат дека човекот бил вербално агресивен за време на инцидентот и ги навредувал другите патници, зборувајќи со повишен тон.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk