logo
logo
logo

Албанската Влада го усвои договорот со Србија за социјално осигурување

Vecer | 15.06.2025

Албанската Влада го усвои договорот со Србија за социјално осигурување

- Овој договор им обезбедува на албанските и на српските граѓани голем број бенефиции, како што се: старосна пензија, надоместоци за мајчинство, семејна пензија, инвалидска пензија итн. Исто така, обезбедува обединување на периодите на придонеси, гарантирајќи дека граѓаните нема да ги изгубат своите работни години. Ова е важен развој во заштитата на правата на граѓаните што живеат и работат во двете земји, објави министерот Бленди Гонџја.

Додава дека договорот е според стандардите на ЕУ, врз основа на „регулативите на Советот и Европскиот парламент за координација на шемите за социјално осигурување“.

-Ова е уште еден значаен чекор кон социјална заштита без граници и европска интеграција, оцени тој, најавувајќи дека  ќе биде доставен до парламентот за ратификација.

На први овој месец стапи во сила законот за признавање на пензиите меѓу Албанија и Италија, од кој придобивка ќе имаат 500 илјади албански и 4 илјади италијански граѓани. Вакви договори Албанија има и со Македонија, Косово, Турција, Канада, Германија, Белгија, Луксембург, Австрија, Швајцарија, Чешка  и Унгарија. Во завршна фаза се со Бугарија, Романија, Црна Гора и Хрватска. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk