logo
logo
logo

Албанската влада ќе инвестира 118,5 милиони долари за проектот „Смарт Сити“

Vecer | 12.03.2025

Албанската влада ќе инвестира 118,5 милиони долари за проектот „Смарт Сити“

 Албанската влада ќе инвестира 118,5 милиони долари во рамки на проектот „Смарт Сити“, со цел да ја зголеми јавната безбедност и безбедноста на патиштата преку вештачка интелигенција и инсталирање на камери на патиштата, радари, камери кои полицајците ќе ги носат на нивното тело и сензори за бучава.

Ова го изјави заменик министерот за внатрешни работи, Бесфорт Ламалари, при презентацијата пред Комисијата за надворешна политика на Предлог-законот за ратификација на договорот за заем меѓу Владата на Република Албанија и Фондот за развој на Абу Даби, за финансирање на проектот „Систем на камера под управа на државната полиција - Смарт Сити“.

-Овој договор за заем од аспект на техничка терминологија и преговарачки дел го покрива Министерството за финансии, но Министерството за внатрешни работи е крајниот корисник, преку Државната полиција, која ќе ја даде сета оваа поддршка која изнесува 118,5 милиони долари, од кои благодарение на спроведените преговори обезбеден е и грант од 20 милиони долари како дел од овој заем, рече Ламалари.

Овој проект, оценува тој, е од витално значење за земјата, бидејќи не само што ги зголемува параметрите за безбедност на патиштата, туку има и проширен концепт за јавна безбедност, проширување на безбедносните елементи и користење на вештачка интелигенција преку инсталирање радари, сензори за бучава и камери на телото, како на националните патни оски, но и во средини со големо јавно значење и изложеност, вклучително и училиштата.

-Ова е добра вест за наставниот кадар, родителската заедница, студентите и учениците кои ќе имаат корист од поставувањето на камери и интелигентни информации кои се собираат благодарение на Smart City(паметен град) и ќе се користат за првпат во нашата земја. Овој Предлог-закон кој е од големо значење за нашата држава, не само за безбедноста на патиштата, туку и за јавната безбедност, ќе биде имплементиран во период од една година, потенцира Ламалари. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk