Србија се приклучи на програмата EU4HEALTH, НАЈГОЛЕМАТА ЗДРАВСТВЕНА ПРОГРАМА НА ЕУ

Vecer | 08.12.2025

Србија се приклучи на програмата EU4HEALTH, НАЈГОЛЕМАТА ЗДРАВСТВЕНА ПРОГРАМА НА ЕУ
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Српскиот министер за здравство Златибор Лончар и европскиот комесар за здравство и безбедност на храна Оливер Вархеји денеска во Брисел го потпишаа документот со кој Србија се приклучи на програмата EU4HEALTH и, како земја-кандидат, формално стана полноправен учесник во најголемата здравствена програма во историјата на ЕУ. Таа програма е вредна повеќе од пет милијарди евра.

МЗ на Србија соопшти дека министерот Лончар нагласил дека учеството во таа програма не е само финансиска поддршка, туку и јасна потврда за посветеноста на Србија да го развива својот здравствен систем во согласност со стандардите на ЕУ.

„Целта кон која се стреми Србија е многу јасна, што укажува дека станува збор за посилен, помодерен и поефикасен здравствен систем кој ќе биде целосно усогласен со стандардите на ЕУ, но во исто време прилагоден на потребите на српските граѓани“.

Комесарот Вархеји нагласи дека потпишувањето со Србија е големо задоволство за него.

„Денешната спогодба ќе им овозможи на здравствените власти и на пошироката здравствена заедница во Србија да имаат корист од средствата на ЕУ во рамките на програмата од 1 јануари следната година, на рамноправна основа со земјите-членки, но и со други придружни партнери како што се Норвешка, Украина, Молдавија, Црна Гора, БиХ“, наведе Вархеји.

Тој додаде дека соработката во рамките на таа програма се однесува и на критични области, но и на тоа да и помогне на Србија да се приклучи на најновите револуционерни технологии во здравството. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk