Синоќа во Ваљево полицијата со исклучителна жестина интервенираше против демонстрантите. Социјалните мрежи беа преплавени со снимки на кои се гледа какo граѓани брутално се претепуваат на градските улици.
Според непотврдени информации, во текот на вчерашната вечер биле уапсени 17 луѓе, а 19 припадници на полицијата претрпеле повреди.
Инстаграм страницата @valjevo_live објави неколку видеа на кои јасно се гледа прекумерната употреба на сила врз некои од демонстрантите од страна на полицајците.
Видеата имаат вознемирувачка содржина.
Во моментов, не е познато во каква здравствена состојба се наоѓаат демонстрантите кои беа претепани.
Извор: N1
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата