logo
logo
logo

Бугарија: Радев денеска ќе му го врачи мандатот за формирање влада на кандидатот на ГЕРБ-СДС

Vecer | 15.01.2025

Бугарија: Радев денеска ќе му го врачи мандатот за формирање влада на кандидатот на ГЕРБ-СДС

Се очекува Росен Жељазков, кој беше предложен од ГЕРБ-СДС за премиер, на бугарскиот претседател да му го претстави составот на кабинетот, кој ќе биде поддржан од четири формации - ГЕРБ-СДС, БСП - Обединета левица, „Има таков народ“ и „Демократија, права и слободи“- ДПС, пренесе Бугарското радио.

Жељазков вчера изјави дека на средба со претседателот ќе оди со предлог-листата на министри само доколку се обезбеди стабилно парламентарно мнозинство.

Парламентарните избори во Бугарија се одржаа на 27 октомври 2024 година, а Радев одлучи да им даде дополнително време на партиите за преговори пред да го предаде првиот мандат, нагласувајќи дека тоа го направил „со надеж дека преговарачите ќе разберат дека нивната одговорност оди подалеку од партиската интересите и нивното избирачко тело и дека се одговорни пред целиот бугарски народ“, јави Бугарското радио.

На парламентарни избори во октомври победи партијата на десниот центар ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов, освојувајќи околу 25 отсто од гласовите./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk