logo
logo
logo

Словенија подготвува РЕФЕРЕНДУМ ЗА ИЗЛЕЗ ОД НАТО

Vecer | 14.04.2026

Словенија подготвува РЕФЕРЕНДУМ ЗА ИЗЛЕЗ ОД НАТО

Претседателот на словенечкиот парламент и лидер на партијата „Правда“, Зоран Стевановиќ, изјави дека земјата подготвува референдум за излез од НАТО алијансата, а тој самиот планира да оди во Москва.

„Категорично ќе се спротивставиме на мешањето во воените и дипломатските конфликти на другите, бидејќи тоа никогаш не е од корист за Словенија“, вели Стевановиќ во интервју за Радио и телевизија на Словенија.

Тој вели дека на гласачите им бил ветен референдум за членството во НАТО и дека тоа ветување ќе биде испочитувано.

„Му ветивме на народот дека ќе одржиме референдум за излез од НАТО и ќе го одржиме тој референдум“, истакна Стевановиќ.

Политичарот го окарактеризира и курсот на партијата како „независна и суверена политика“ без потчинување на надворешни центри на влијание, со подготвеност за соработка со сите земји, вклучувајќи ги и големите сили.

„Добри односи со сите, но во интерес на Словенија. Категорично ќе се спротивставиме на мешањето во конфликтите на другите земји“, додаде тој.

Стевановиќ ги објави и плановите за странски посети.

„Планирам наскоро да ја посетам Москва“, вели тој.

Зоран Стевановиќ, лидерот на партијата Ресница (Правда), беше избран за претседател на словенечкиот парламент со 48 гласа на тајно гласање, со поддршка на Јанез Јанша од Словенечката демократска партија (СДС) и други сојузници од десниот центар.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk