logo
logo
logo

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ: Гостин во кафуле со пепелник МАВНАЛ по келнерката

Vecer | 14.03.2025

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ: Гостин во кафуле со пепелник МАВНАЛ по келнерката

Гостин во загрепско кафуле за малку ќе убиел келнерка, а инцидентот се случил на почетокот од оваа недела. Имено, на вознемирувачката снимка од надзорната камера се гледа како тој за малку ќе ја погодел со пепелник во глава. Гостинот седел, до него имало шише пиво, а кога келнерката влегла во шанкот, тој со сета сила фрлил кон неа. Благодарение на брзите рефлекси, спасила жива глава!

Грозоморната снимка е направена во 10:30 часот наутро.

- Ова се случи пред два дена, во кафуле во Ругвица, Загреб. Насилникот најпрво ја малтретирал и навредувал келнерката, а потоа се обидел да ја удри по глава со стаклен пепелник кој го фрлил со сета сила. Таа избега и беше спасена. Можеби најневеројатниот детал во ова видео е што од петте луѓе во кафулето реагирал само најстариот господин. Другите не покажаа ни храброст, изјавија на РТЛ.

Мажот веднаш бил приведен и против него е поднесена кривична пријава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk