logo
logo
logo

Грчки студенти им оддадоа почит на жртвите од железничката несреќа кај Темпи

Vecer | 24.02.2024

Грчки студенти им оддадоа почит на жртвите од железничката несреќа кај Темпи

Неколку дена пред годишнината од железничката несреќа во Грција, студенти од Атина, Солун и Лариса се цвеќиња во рацете денеска се собраа кај месноста Темпи, на местото на несреќата, за да им оддадат почит на жртвите, јави дописничката на МИА од Атина.

В среда, на 28 февруари се навршува една година од железничката несреќа во која 57 лица го загубија животот, а поголемиот број од нив беа студенти.

Организирани од нивните студентски здруженија, студентите од трите грчки градови, денеска порачаа дека „овој криминал нема да се заборави“.

Заедно со студентите беа и дел од роднините на жртвите.

Годишнината од железничката несреќа кај Темпи, во Грција, в среда ќе се одбележи со низа протести, но и генерален штрајк организиран од Синдикатот на вработените во јавниот сектор. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk