logo
logo
logo

Кирхбаум: Мора да продолжи политиката на санкции против Додик

Vecer | 22.05.2025

Кирхбаум: Мора да продолжи политиката на санкции против Додик

- Ситуацијата е многу кревка, бидејќи постои извесен Милорад Додик кој, заедно со своите следбеници во РС, спроведува политика на поделба на БиХ, истакна Кирхбаум на дебатата во Бундестагот за продолжување на ангажманот на германските војници во Мисијата ЕУФОР во БиХ.

Тој додаде дека германскиот Парламент не може да прифати такво однесување и оти треба да продолжи со санкциите против Додик.

Германија го поддржува европскиот пат на БиХ, но потребни се реформи за тоа, не поради Брисел или Берлин, туку и поради граѓаните на БиХ, посочи Кирхбаум.

Во Бундестагот денеска се дебатираше за продолжување на учеството на германските војници во мисијата ЕУФОР за уште една година, а актуелниот мандат истекува во јуни.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk