logo
logo
logo

Конечни резултати од претседателските избори во Хрватска, вториот круг на 12 јануари

Vecer | 30.12.2024

Конечни резултати од претседателските избори во Хрватска, вториот круг на 12 јануари

Државната изборна комисија ги објави конечните резултати од претседателските избори врз основа на 100 отсто обработени избирачки места, според кои актуелниот претседател Зоран Милановиќ освоил 49,09 отсто од гласовите, а второпласираниот кандидат на владејачката ХДЗ, Драган Приморац - 19,35 отсто.

Независната кандидатка, поранешната функционерка на Мост, Марија Селак Распудиќ има 9,25 отсто, а кандидатката на партијата Можеме, Ивана Кекин - 8,89 отсто.

Независниот кандидат, адвокатот Томислав Јоњиќ доби 5,09 отсто гласови, кандидатот на Мост и градоначалник на Сињ, Миро Буљ има 3,82 отсто гласови, а Бранка Лозо од партијата Домино освои 2,41 отсто од гласовите на сите граѓани кои гласаа во првиот круг од изборите. Независниот кандидат Нико Токиќ Картело доби 0,88 отсто поддршка.

Според податоците на Државната изборна комисија, гласале 46,03 отсто од гласачите од нешто помалку од 3,8 милиони граѓани запишани во избирачкиот список.

Милановиќ и Приморац се пласираа во вториот круг што ќе се одржи на 12 јануари. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk