logo
logo
logo

Курти: Немаме проблеми со Србите, туку со Србија

Vecer | 11.06.2024

Курти: Немаме проблеми со Србите, туку со Србија

На Самитот Западен Балкан 2024, што се одржува во Приштина по повод 25-годишнината од крајот на војната во Косово, Курти рече дека „Косово им понуди права на локалните Срби, овозможувајќи нивна целосна интеграција“.

„Десет од 38 општини имаат српско мнозинство, 17 проценти од советниците во локалните парламенти во сите општини се Срби. Ние добро соработуваме и тие имаат Министерство за заедници. Сакаме интеграција на Србите во Косово. Имаме четири проценти српско население овде, но имаме и други малцинства кои сакаме да ги почитуваме“, рече Курти.

Тој додаде дека Косово нема проблем со Србите во Србија, туку со Владата на Србија.

„Проблемот не е во народот на северниот сосед, туку во Владата на Србија. Воопшто не е во косовските Срби кои се интегрираат“, рече Курти./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk