logo
logo
logo

Лајчак денеска во Косово во обид за обновување на дијалогот меѓу Приштина и Белград

Vecer | 06.09.2024

Лајчак денеска во Косово во обид за обновување на дијалогот меѓу Приштина и Белград

Како што изјави Лајчак минатата недела, цел на неговата денешна посета е да подготви средба на ниво на главните преговарачи на двете земји во рамките на дијалогот што се одвива со посредство на ЕУ.

Овој пат, според извори од Брисел, по Приштина Лајчак нема да го посети Белград.

Минатата недела, додека учествуваше на безбедносниот форум Глобсек во Прага, европскиот емисар се сретна со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Во меѓувреме, портпаролот на ЕУ, Петер Стано, ги повтори повиците до косовските власти да се воздржат од еднострани и некоординирани чекори, кои според Унијата би можеле да ги зголемат тензиите на северот на земјата, населен со мнозинско српско население.

„Ние се ангажираме со нашите партнери во Косово, им испраќаме пораки и се надеваме дека конечно ќе можеме да ги решиме овие прашања таму каде што им е местото, во рамките на дијалогот што го олеснува Европската Унија“, изјави вчера Стано./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk