logo
logo
logo

Македонец приведен поради дрога во Србија мора да плати 100.000 динари во хуманитарни цели

Vecer | 10.04.2025

Македонец приведен поради дрога во Србија мора да плати 100.000 динари во хуманитарни цели

 Државјанин на Македонија (22) е уапсен за неовластено поседување наркотици, кои полицијата ги заплени при претрес на граничниот премин Прешево, јави МИА.

На граничниот премин Прешево, меѓу Македонија и Србија, при редовна контрола на патник, српската полиција открила 3,17 грама марихуана.

По приведување и распит во Основното јавно обвинителство во Врање, наместо кривично дело „неовластено поседување наркотици“, младиот човек мора да плати 100.000 динари за хуманитарни цели, во замена за кривична пријава, судење и казна. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk