logo
logo
logo

Мелони е убедена дека Црна Гора ќе стане 28-ма членка на ЕУ во првата половина на 2028.

Vecer | 15.04.2025

Мелони е убедена дека Црна Гора ќе стане 28-ма членка на ЕУ во првата половина на 2028.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони на денешната средба со црногорскиот премиер Милојко Спајиќ во Рим изјави дека е убедена оти Црна Гора ќе стане 28-та членка на Европската унија за време на италијанското претседавање со ЕУ, во првата половина на 2028 година.

Спајиќ е во прва официјална посета на Италија на покана на Мелони, а на нивната средба беше речено дека допрва доаѓаат најдобрите денови за соработка меѓу Црна Гора и Италија, а соработката во рамките на ЕУ ќе даде дополнителен поттик за зајакнување на севкупните односи.

На средбата се разговараше за заеднички проекти, соработка во областа на инфраструктурата, одбраната и енергетиката, подобро поврзување и поддршката на Италија на европскиот пат на Црна Гора.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk