logo
logo
logo

На атинското пристаниште Пиреас запленети 54 килограми кокаин во вредност од 2,35 милиони евра

Vecer | 13.03.2025

На атинското пристаниште Пиреас запленети 54 килограми кокаин во вредност од 2,35 милиони евра

 Во контејнер со банани, со потекло од Еквадор и крајна дестинација атинското пристаниште Пиреас, со помош на куче душкач, биле откриени и запленети 54 килограми кокаин во рамки на заедничката акција на инспекторите од Независната управа за јавни приходи на Грција и од Секторот за борба против финансиски криминал, јави дописничката на МИА од Атина.

Поконкретно, како што соопштија од Независната управа за јавни приходи, при рендгенски преглед на надворешниот механизам за ладење на контејнерот била откриена сомнителна органска материја и по позитивна индикација од кучето душкач за откривање дрога следела физичка проверка при што биле пронајдени и запленети 45 пакувања кокаин со вкупна бруто-тежина од 54 килограми.

Вредноста на запленетиот кокаин се проценува на околу 2,35 милиони евра, а според грчката надлежна управа, истрагата продолжува и се испитува можна поврзаност на конкретниот случај со други слични случаи во рамките на напорите за разбивање на меѓународна мрежа за увоз и трговија на дрога. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk