Како што известува Новости, нови министри во Владата на Србија ќе бидат Александра Дамјановиќ Софронијевиќ и Јагода Лазаревиќ.
Наместо Горан Весиќ, кој поднесе оставка по трагедијата во Нови Сад, градежниот сектор ќе го преземе Александра Дамјановиќ Софронијевиќ, која долго време работеше во тој ресор. Нова министерка за надворешна и внатрешна трговија ќе биде Лазаревиќ, која доаѓа од Министерството за надворешни работи.
Владата на Србија за министри ги предложи Дамјановиќ Софронијевиќ и Лазаревиќ, а нив ќе треба да ги избере српскиот парламент, пишува Новости.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата