logo
logo
logo

Отфрлена е кривичната пријава против сопругата на хрватскиот претседател за аферата „Дај петка“

Vecer | 07.09.2024

Отфрлена е кривичната пријава против сопругата на хрватскиот претседател за аферата „Дај петка“

Кривичната пријава е поднесена откако нејзиниот син и уште некои ученици од класичната гимназија добиле завршни оценки по два предмети во 2022 година, објави Телеграф.

Во Ускок потврдија дека по спроведена полициска истрага на нивно барање е донесено решение за отфрлање на кривичната пријава бидејќи, како што наведуваат, „постоење на основано сомнение за извршување на наведеното кривично дело или кое било друго кривично дело за кое гонење се презема по службена должност не е утврдено.“ .

Како што претходно објави Јутарњи лист, кој го откри случајот, истрагата е покрената затоа што четворките на синот на Милановиќ по математика и латиница биле сменети во петки по завршувањето на учебната година, откако Сања Мусиќ Милановиќ му пишала на директорот на училиштето и се пожалила на работата на наставникот по математика.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk