logo
logo
logo

Плинска боца експлодира во Аспровалта: Повредени српски туристи (Фото)

Vecer | 07.08.2025

Плинска боца експлодира во Аспровалта: Повредени српски туристи (Фото)

Несреќата се случила денес околу 15:30 часот под сè уште неразјаснети околности.

Најтешко повреден е 41-годишен маж, кој се здобил со изгореници, додека другите се здобиле со повреди од скршено стакло, според Катимерини, додека Прототема објавува дека маж со изгореници од прв и втор степен и жена со изгореници од прв степен се префрлени во Општата болница во Солун во свесна состојба.

Полицијата го уапсила 86-годишниот сопственик на куќата, а властите ги истражуваат причините за несреќата.

Состојба на повредените

Четири од петте српски туристи се во добра состојба и добиваат медицинска помош, дознава српски Телеград.

Тие се префрлени во болница со брза помош, каде што е пријавено дека се добро.

„Сè е во ред. Мојот колега ги прегледал, им дал упатства што да прават понатаму и биле пуштени на домашно лекување“, изјавил за Телеграф лекар од Здравствениот центар Неа Матидос.

Кога го прашале точно колку пациенти биле донесени во нивната установа, тој одговорил „сите“.

Тој потврдил дека српските државјани биле донесени кратко по 15 часот по локално време.

Извор: Б92

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk