logo
logo
logo

По апсењето на градоначалникот на Тирана, опозицијата бара оставка на Рама

Vecer | 10.02.2025

По апсењето на градоначалникот на Тирана, опозицијата бара оставка на Рама

Според лидерот на демократите Сали Бериша „пирамидата на криминалот се урива благодарение на опозицијата и народот".

- Се потврдува дека се работи за криминална организација. Несомнено тоа што се случи е заслуга на граѓаните и на опозицијата.  Еди Рама треба веднаш да поднесе оставка, поради тоа што е марионета на Сорос во Албанија и е шеф на криминалот во Албанија, изјави Бериша.

Другите опозициски партии, освен барањето за итна оставка на Рама, меѓу другото потсетуваат дека со 46 протести пред општина Тирана барале апсење на Велиај.

Според нив денеска го уапсиле Велиај „за да ја засенат веста дека групата на  (Доналд) Трамп што ја водеше неговата претседателска кампања, ќе ја води кампањата на опозицијата за парламентарните избори на 11 мај".

Во реакцијата на социјалните мрежи, поранешниот лидер на демократите, Љуљзим Баша ја поздрави работата на СПАК за „ударот врз општина Тирана", која ја нарече  „машина за перење пари“.

„Под водство на Ерион Велиај и со поддршка на Еди Рама, Општина Тирана се претвори во жариште на корупција и перална на валкани пари, во служба на мал број луѓе, а не на граѓаните. Крајот на неказнивоста е крај на транзицијата во Албанија, пишува Баша, повикувајќи го Рама под итно да даде оставка.

Пред  почетокот на пленарната седница пратениците и министрите на Социјалистичката партија не сакаа пред новинарите да го коментираат случајот.

-Жално е од човечки аспект, но правдата треба да ги истражи обвинувањата, рече Блерина Ѓуламети.

-Правдата нека зборува, кусо одговори Насип Начо.

Како што објавија медиумите, Рама, кој поради овој настан, ја прекина посетата на северниот град Скадар и се врати во Тирана, за вечерва свикал на состанок партиското раководство. /MИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk