logo
logo
logo

Поднесено обвинение против 13 луѓе за трагедијата во Нови Сад

Vecer | 30.12.2024

Поднесено обвинение против 13 луѓе за трагедијата во Нови Сад

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад поднесе обвинение против 13 лица, меѓу кои и поранешниот министер за транспорт Горан Весиќ и поранешната директорка на Инфраструктура на железницата на Србија, Јелена Танасковиќ, за уривање на бетонската  настрешница на влезот на железничката станица во Нови Сад, кога загинаа 15 луѓе.

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад соопшти дека поднело обвинение против тие лица во врска со трагичниот настан од 1 ноември годинава .

Наведено е дека - меѓу обвинетите е и Ј.Т. (Јелена Танасковиќ) поранешен в.д генерален директор на „ Инфраструктура на железница на Србија “ , Г.В. (Горан Весиќ) поранешен министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, А.Д. (Анита Димовски) поранешен помошник министер во Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура и Н.Ш. (Небојша Шурлан) поранешен генерален директор на „Инфраструктура на железница на Србија“. Тие се товарат за сторено кривично дело Тешко дело против јавната безбедност од член 288 ст.2 од Кривичниот законик.

Обвинението, е поднесено по завршување на истражната фаза од кривичната постапка со издавање на Наредба за завршување на истрагата. Обвинението е поднесено до Вишиот суд во Нови Сад, придружено со целата документација собрана во текот на предистражната и истражната постапка, како и сите други докази кои го поткрепуваат постоењето на основано сомнение за поднесување обвинение. Обвинителството побара продолжување на притворот за оние кои веќе се во притвор, како и враќање во притвор на оние кои моментално се на слобода, вклучително и поранешниот министер Весиќ. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk