logo
logo
logo

Приказна за најпознатиот ЈУГОСЛОВЕНСКИ ЏЕЛАТ! Не му пречело што убива луѓе, и секогаш изговарал ИСТА РЕЧЕНИЦА!

Vecer | 18.08.2023

Приказна за најпознатиот ЈУГОСЛОВЕНСКИ ЏЕЛАТ! Не му пречело што убива луѓе, и секогаш изговарал ИСТА РЕЧЕНИЦА!

Во Кралството Југославија постоела смртна казна која најчесто се извршувала со бесење, се присетува Сања Ѓаковиќ. Таа ја открила и приказната за најпознатиот џелат во Југославија.

- Го викале естраден, затоа што доаѓал со бели ракавици, со капа, штиркана кошула ... Дури и се фотографирал по изврешното дело. Тие ракавици ги фрлал под нозете на човекот што штотуку го убивал и велел: „Јас не сум виновен за твојата смрт.“ Велат дека убил околу 100 луѓе или самостојно или како помошник. А многу сакал цвеќиња и деца, вели Ѓаковиќ.

Karlo Dragutin Hart

Тој човек се викал Карло Драгутин Харт и е роден на 28 јули 1879 година во округот Карлин во денешна Чешка. По националност бил Ром, а во Сараево се упатил по Првата светска војна, веројатно, како демобилизиран австроунгарски војник.

Неговото чешко име, Карел, во Босна се изговарало како Карл или Карло, а тој самиот подоцна го сменил во Драгутин.

Веднаш по војната, почнал повремено да им помага на тогашните џелати - Сејфрид и Маузнер - во тој град, а во 1922 година станал заменик џелат. По смртта на Маузнер, на негово место бил назначен Харт, а откако починал и Сејфрид, Карло Драгутин Харт станал главен егзекутор на Кралството Југославија.

Во 1930 година од Сараево бил префрлен во Зеница, каде што му бил даден службен стан во тамошниот комплекс на Казнено-поправниот дом. На негово барање, во 1935 година добил дозвола да се насели во Сараево со семејството.

Бил предмет на постојан јавен интерес и често зборувал за весниците, а на работа, за време на егзекуциите, секогаш носел фрак, цилиндар и ракавици.

Водел дневник на смртните случаи и секогаш носел фотографии од осудениците што ги обесил, веројатно, за да им ги продаде на љубопитните. Се шпекулирало, иако Харт негирал, дека продавал и парчиња од јажето за бесење.

- Неколкумина од нив ми пријдоа со молба да им дадам парче од јажето со кое го обесив првиот криминалец. Велат дека тоа ќе им донесе среќа. Јас не сум трговец и не го продадов јажето, туку го исеков на парчиња и им го поделив на неколкумина кои силно веруваат дека тоа ќе им донесе среќа. Но, замислете, господине, колку би требало да бидам среќен, кога имам дузина од овие јажиња дома, рекол еднаш.

 

Karlo Dragutin Hart

 

Објаснувајќи дека, наводно, како доброволец во чешката армија, бил сведок на секакви ужаси за време на војната, Харт не се тревожел заради својот занает.

- Бесењето сега ми е вокација и затоа не ми остава толку длабок впечаток како што мислат луѓето... Како и сите паметни луѓе, мислам дека јустификацијата на еден криминалец, кој има толку жртви на совеста и кој направил толку многу семејства несреќни, не е толку страшна работа, нагласил тој.

Дел од легендите исткаени околу овој човек одат на фактот дека никој всушност не знае како завршил Карло Драгутин Харт.

- Се пишувало дека Харт - постојано барал исплати и дополнителни хонорари и трошоци од претпоставените, а честопати се заканувал дека нема да отпатува до местото на извршување ако не му биде платено прво.

- Неколку пати се случило да доцни на закажаното бесење, па егзекуциите морале да се одложат, а осудените да останат подолго на бел леб. Сепак, тој постојано напредувал во службата и редовно добивал покачувања, а во 1940 година бил унапреден во ранг на службеник на II платежна група. Служел до германската окупација на Југославија во 1941 година и оттогаш му се губи секоја трага.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk