logo
logo
logo

Расте напнатоста пред утрешниот студентски протест – трактори во Белград, вреќи со камења, ....

Vecer | 14.03.2025

Расте напнатоста пред утрешниот студентски протест – трактори во Белград, вреќи со камења, ....

Голем број трактори од ноќеска се паркирани околу Пионерскиот парк во центарот на Белград, во пресрет на утрешниот голем протест во оргазниација на студентското движење, кое речиси 4 месеци на разни начини бара одговорност за трагедијата во Нови Сад и бара промена на системот.

Студентите кои изминатите недели се движат пеш од повеќе градови во Србија се блиску до својата цел, а како што јавуваат српските медиуми, вечерва ќе им биде приреден дочек во центарот на Белград. Велат дека овој протест нема политичка цел.

-Одев пеш од Нови Сад до Крагујевац. Не ми беше тешко. Кога ќе ги погледнете овие луѓе, кои материјално немаат ништо, а ви даваат се. Плачат, ве прегрнуваат не можете да немате енергија за понатаму. Ќе одам цело време додека нешто не се промени, затоа што системот е трул.

-Мене ме мотивира тоа што ова е последна можност да им биде подобро на сите нормални луѓе.

-Најтешко ми беше третиот ден, затоа што требаше да испешачиме 40 километри. Ќе продолжиме понатаму, само јако.

-Не го правиме ова поради некои политички цели. Само да живееме нормално. Се надевам дека луѓето кои се на другата страна, ќе ни се придружат.

Деталите за времето и местото на протесот се уште се чуваат во тајност, но тракторите најавуваат дека фокусот ќе биде ставен околу Собранието и Пионерскиот парк, во кој пак, се подигнати шатори во кои кампуваат млади кои тврдат дека сакаат да учат, а во пресрет на протестот им се придружија и воени ветерани.  На социјалните мрежи исто така се објавени неколку видеа на кои се гледа како некои луѓе носат цигли до паркот, а синоќа биле поставени и вреќи со камења по улиците, што ги подрега стравувања од можни немири.

За да не дојде до нив, претседателот Вучиќ синоќа ги повика луеѓето што кампуваат да си одат дома в сабота и да се вратат следниот ден.

„Ако случајно донесете одлука да останете, ние ќе дадеме се од себе да го зачуваме тој простор, да го заградиме. Не сум сигурен дека тие нема да фрлаат камења, кога можеа тоа да го прават кон Собранието. Ние дојдовме до многу потешки планови, кои не се насочени кон вас,- изјави, Александар Вучиќ .

„Србијавоз“ поради наводна пријава за поставени бомби ги прекина меѓуградските возови, а поради безбедносни причини, Српскиот парламент соопшти дека ќе биде затворен од денеска до понеделник.

Амбасадата на САД во Белград издаде безбедносно предупредување и ги повика државјаните да ги избегнуваат местата на масовни собири.

Српската православна црква оак повикува на мирни протести и апелираат да прекинат поделбите и да се иницира братски дијалог.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk